Интер ги обнови преговорите за Кертис Џонс

Интер ги обнови преговорите за Кертис Џонс

пред 8 часа

Интер оваа недела повторно ќе разговара со Ливерпул, за трансферот на играчот од средниот ред Кертис Џонс, објавија италијанските медиуми.

Според „Кориере дело Спорт“, „Тутоспорт“ и „Спорт Медијасет“, англискиот фудбалер сака да ја продолжи кариерата во Интер, но двата клуба сè уште не нашле заеднички јазик во врска со обештетувањето.

Ливерпул бара 40.000.000 евра за 25-годишниот играч од средниот ред, додека Интер не е подготвен да ја плати таа сума, особено имајќи предвид дека договорот на Џонс со клубот од „Енфилд“ истекува на крајот од сезоната.

Фактот дека Џонс не настапи на ниту еден од двата пријателски натпревари на Ливерпул против Комо во неделата привлече дополнително внимание. Официјалната причина за неговото отсуство беше повреда на колкот.

Сепак, „Спорт Медијасет“ тврди дека здравствениот проблем не е вистинската причина зошто англискиот фудбалер бил изоставен од составот, туку дека објаснувањето дадено од медицинската служба на Ливерпул било лага. Според тие изјави, Џонс сака да се пресели во Интер и да биде дел од тимот на Кристијан Киву следната сезона.

Интер е подготвен да продолжи со преговорите и да се обиде да ја намали цената на трансферот. Според „Кориере дела Спорто“, италијанскиот клуб би можел да понуди 30.000.000 евра со дополнителни бонуси.

На „Џузепе Меаца“ се надеваат дека таков модел би можел да биде доволен за договор, бидејќи Ливерпул има ограничена преговарачка позиција поради тоа што договорот на Џонс влезе во последната година.

Интер користеше сличен пристап при ангажирањето на Џед Спенс од Тотенхем, па останува да се види дали оваа тактика повотрно ќе се покаже како добитна.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top