Интер и Реал без право на грешка

Интер и Реал без право на грешка

пред 3 години

Натпреварите кои вечерва ќе бидат одиграни во групите А, Б, Ц и Д ќе го комплетираат четвртото коло во Лигата на шампионите.

Од синоќа веќе е познато дека на две кола до крајот, на оваа фаза, пласман во осмина-финалето обезбедија Челси, Севилја, Барселона и Јувентус. Вечерва на ова друштво можат да му се приклучат Баерн, Ливерпул и Манчестер сити.

Најпривлечниот натпревар, вечерва, ќе се одигра во Милано. Интер на „Џузепе Меаца“ ќе го пречека Реал Мадрид. Двата тима засега играа просечна сезона во Лигата на шампионите, со пораз ќе се оддалечат од нокаут-фазата. Сепак, Интер има поголем императив да победи, бидејќи дисега има освоено само два поени.

Група А:

21.00 Баерн Минхен-Салцбург
21.00 Атлетико Мадрид-Локомотив Москва

Табела: Баерн 9, Атлетико 4, Локомотив 1, Салцбург 1

Група Б:

18.55 Борусија Менхенгладбах-Шахтјор
21.00 Интер-Реал Мадрид

Табела: Борусија 5, Шахтјор 4, Реал 4, Интер 2

Група Ц:

18.55 Олимпијакос-Манчестер сити
21.00 Олимпик Марсеј-Порто

Табела: Манчестер сити 9, Порто 6, Олимпијакос 3, Порто 0

Група Д:

21.00 Ливерпул-Аталанта
21.00 Ајакс-Митјиланд

Табела: Ливерпул 9, Ајакс 4, Аталанта 4, Митјиланд 0

Share
Scroll to Top