Интер му нуди нов договор на Лаутаро Мартинез

Интер му нуди нов договор на Лаутаро Мартинез

пред 6 месеци

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота изјави дека клубот му нуди продолжување на договорот на аргентинскиот репрезентативец Лаутаро Мартинез.

Мартинез (26) во Интер пристигна во 2018 година од Расинг за околу 25 милиони евра. Тој има договор до 30 јуни 2026 година, а оваа сезона има постигнато 15 гола на 19 натпревари во сите натпреварувања.

„Се обидуваме да го продолжиме договорот со Мартинез на уште пет години. Преговараме со Лаутаро, а добро е што тој го има она големо чувство за припадност кон овој клуб, што во модерниот фудбал навистина не е за потценување“, изјави Марота.

Аргентинскиот напаѓач одигра 257 натпревари за Интер и постигна 117 голови. Со клубот освои пет трофеи.

Мартинез за аргентинската репрезентација настапи на 54 натпревари и постигна 21 гол.

Share
Scroll to Top