Интер помина уште една голема пречка на патот до остварување на сонот, освојувањето на скудетото, откако со 1:0 ја совладаа Аталанта на „Сан Сиро“ за со победата над силниот ривал да ја вратат предноста од шест поени пред Милан по 26 од 38 кола во италијанската Серија А.
Аталанта веднаш покажа дека го направила краткиот пат до Милано со желба за победа, откако во првите 20-тина минути ја имаа контролата на топката, додека Интер чекаше шанса за контра-напад. Двата тима немаа многу шанси во првото полувреме, а во финишот почна да се игра поостро и пофизички цврсто.
Само што почна второто полувреме, во 54. минута, Милан Шкринијар се најде на вистинското место по една мешаница пред голот на гостите, за да ја смести топката во мрежата и да донесе предност за „нераѕурите“.
Интер сега има 62 поени на првото место во Серија А пред Милан (56), Јувентус (52) и Рома (50), додека Аталанта е на петтото место со 49 поени.
Serie A ??
Gol de Inter
Skriniar ⚽
pic.twitter.com/4DQTJZrIOn— FutbolGol12 (@Gol12Futbol) March 8, 2021