Интер рутински со „Вештерките“

Интер рутински со „Вештерките“

пред 3 години

Фудбалерите на Интер убедливо го поразија Беневенто со 4:0, во последниот натпревар од саботната програма во Серија А. Со овој триумф Интер се доближи на два бода до лидерот на табелата Милан.

Бенвенто, против фаворитот некако се држеа во првиот дел, меѓутоа Интер во второто полувреме ги разреши сите дилеми околу победникот.

Натпреварот започна лошо за „вештерките“, по центаршутот на Ериксен, Импорта си постигна авто-гол. Со гол предност Интер замина на големиот одмор, а во второто полувреме проработе тандемот Лаутаро-Лукаку.

Аргентинецот го постигна вториот гол во 57.минута, десет минути подоцна му асистираше на Лукаку, а Белгиецот во 78.минута стави точка на натпреварот.

Share
Scroll to Top