Иранецот Мехди Тареми го има најубавиот гол во ЛШ оваа сезона

Иранецот Мехди Тареми го има најубавиот гол во ЛШ оваа сезона

пред 3 години

Ѕвездата на Порто, Мехди Тареми e освојувач на наградата за најдобар гол во Лигата на шампионите оваа сезона, потврди УЕФА, откако постигна апсолутно неверојатен гол против Челси.

28-годишниот ирански репрезентативец во последните минути од мечот од четврт-финалето против евентуалниот шампион Челси, постигна прекрасен гол со ножички, кој според фановите е најдобар оваа сезона со над 750.000 гласови.

На второто место е Лео Меси со голот против ПСЖ, а на третото Оливие Жиру со акробатскиот гол против Атлетико Мадрид.



Share
Scroll to Top