Историски успех на Алкалоид, избори полуфинале во Европскиот куп

Историски успех на Алкалоид, избори полуфинале во Европскиот куп

пред 2 дена

Фото/ rkalkaloid.mk

Ракометарите на Алкалоид изборија пласман во во полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ.

Избраниците на Кире Лазаров, во реваншот го декласираа романски Баја Маре со 32:25. Првиот меч одигра во Романија заврши без победник 31:31. За пласман во финалето, во ова натпреварување, Алкалоид ќе игра против Рунар од Норвешка.

Играчите на Алкалоид блескаа во првиот дел, „летаа“ по теренот, постигнаа 18 голови и заминаа на полувреме со предност од шест гола.

Во вториот дел младиот тим, искусно ја одржуваше разликата и се пласира во историското полуфинале.
„Ова е голем успех за клубот, за ракометарите и за македонскиот ракомет. Клуб составен од 95% малди македонски ракометари ќе игра полуфинале во едно европско натпреварување. Навистина тоа ме прави горд, се надевам и луѓето во клубот“, рече тренерот Лазаров.

Петковски со 7 гола беше најефикасен, голманот Галевски одбрани девет удари и успеа да постигне два гола.

Share
Scroll to Top