Италијанскиот министер кон Роналдо: Престани со ароганцијата!

Италијанскиот министер кон Роналдо: Престани со ароганцијата!

пред 3 години

Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора повторно „удри“ по Кристијано Роналдо, велејќи дека ѕвездата на Јувентус мора да ја понесе одговорноста и да престане да биде арогантен по неговото контроверзно враќање во Италија и покрај позитивниот тест на КОВИД-19.

Роналдо беше позитивен додека беше со португалската репрезентација, но тврди дека се вратил во Торино со специјален „амбулантно опремен“ авион и дека не прекршил никакви протоколи. Покрај тоа, во Италија се води истрага за седумте фудбалери кои го напуштиле „меурот“ во Торино и покрај препораките на локалните здравствени власти во Пиемонт.

Спадафора вели дека тоа што се работи за славен фудбалер не му дава право да биде арогантен и да не ги почитува правилата.

„Умешноста на одреден фудбалер не му дава дозвола да биде арогантен, да не ги почитува институциите и да лаже. Колку што е некој попознат има поголема одговорност пред да зборува и треба да биде пример за другите. Немам намера бесконечно да зборувам за ова, туку само потврдувам дека напуштањето на хотелот на одредени фудбалери на Јувентус е под истрага. Им посакувам на сите брзо опоравување“, вели Спадафора.

Роналдо одбил да седи во изолација, Јуве го пријавиле кај обвинител?

Роналдо се јави од карантин со мотивирачка порака покрај базен

Share
Scroll to Top