Италијанските медиуми едногласни – Тонали ја доби битката со Локатели

Италијанските медиуми едногласни – Тонали ја доби битката со Локатели

пред 3 години

Една од главните теми во италијанските спортски весници по вчерашното реми во дербито помеѓу Јувентус и Милан (1:1) беше борбата во средината на теренот на двајца таленти, и оценката е дека Сандро Тонали ја добил „пресметката“ со Мануел Локатели.

Јувентус имаа рано водство на „Алијанц стадионот“ со голот на Алваро Мората, но Милан спаси поен преку Анте Ребиќ, додека оценката е дека Стефано Пиоли ја добил тактичката тренерска битка со Масимилијано Алегри.

Без Златан Ибрахимовиќ и Оливие Жиру во нападот, Милан освои поен, кој го остава Јувентус на 18. место во Серија А по 4 меча. Според „Ил кориере дело спорт“,  Тонали бил најдобриот поединец на мечот со оценка 7.5, додека „Ла газета дело спорт“, сепак пред Тонали го става стрелецот на израмнувачкиот гол, Анте Ребиќ.

Share
Scroll to Top