Италија ја освои европската бронза во ватерполо

Италија ја освои европската бронза во ватерполо

пред 8 месеци

Foto/ EPA

Италијанската ватерполо репрезентација ја совлада Унгарија со резултат 12:7 (4:1, 4:2, 2:1, 2:3) во мечот за третото место на Европското првенство во Загреб.

Италијанскиот тим го обезбеди првиот медал на континенталните шампионати од 2014 година.

Првата четвртина, во која Италијанците беа доминантни (4:1), навести во кој правец ќе се движи натпреварот, што се потврди во вторите осум минути со уште едно ефекасно и инспирирано издание на Азурите.

До полувремето Италија им „побегна“ на Унгарците на 8:2.

Второто полувреме беше прашање на рутина за избраниците на Алесандро Кампања.

Кај победниците најефикасни беа Андреа Фондели со три, односно Оскар Гонзало Ечени и Џакомо Канела со по два гола.

Во поразениот тим по два гола постигнаа Татраи Дави Марсел и Вигвар Винс.

Вечерва за титулата ќе се борат домаќинот Хрватска и Шпанија.

Share
Scroll to Top