И Агуеро има корона, пропушта 3 меча на „граѓаните“

И Агуеро има корона, пропушта 3 меча на „граѓаните“

пред 3 години

Напаѓачот на Манчестер Сити, Аргентинецот Серхио Кун Агуеро објави дека е позитивен на коронавирусот.
Агуеро ги пропушти последните два натпревари на „граѓаните“ затоа што беше со самоизолација откако претходно бил во контакт со заразен пријател, а сега на Твитер потврди дека и самиот тој е заразен со вирусот.

Во следните 10 дена Сити на распоред има 3 меча, а Агуеро нема да биде дел од нив.

Оваа вест доаѓа во лош момент за Пеп Гвардиола и Манчестер Сити, посебно ако се знае дека од почетокот на сезоната тој одигра само 9 меча затоа што паузираше долго време поради повреда.

И без неговите услуги Сити има одлични резултати изминатиот период, стационирани се избраниците на Гвардиола на втората позиција, веднаш зад лидерот Јунајтед. Сепак, густиот распоред бара освежување во навалната линија на тимот од Манчестер.

Share
Scroll to Top