И без Шева е исто – Фиорентина ја „торпедираше“ Џенова

И без Шева е исто – Фиорентина ја „торпедираше“ Џенова

пред 2 години

Џенова на Горан Пандев полека, но сигурно чекори од Серија Б, откако го доживеа својот 12 пораз во 22. коло во Серија А, со убедливи 6:0 во првиот меч по отказот кој го доби тренерот Андриј Шевченко, донесен како „спасител“ од страна на новите американски газди на клубот.

На „Артемио Франки“ почна со пенал за Виола во 11. минута, но помалку безобразниот обид на Душан Влаховиќ со „паненка да го совлада Салваторе Сиригу заврши со одбрана. Но, само четири минути подоцна, Алваро Одриозола ги донесе домаќините во водство, а до крајот на полувремето беше веќе 3:0 – Џакомо Бонавентура во 34. минута зголеми на 2:0, пред Кристијано Бираги во 42. минута да постигне гол за 3:0.

Влаховиќ се „оправда“ во 51. минута со четвртиот гол во мрежата на Џенова, a Бираги во 69. минута ја комплетираше „петардата“, за Лукас Тореира да ја зголеми мизеријата за Џенова со шести гол во 77. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top