И „карамелите“ го сакаат Агуеро

И „карамелите“ го сакаат Агуеро

пред 3 години

Фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро ќе ги напушти „граѓаните“ на крајот на сезонава, а се повеќе клубови застануваат во ред за негово ангажирање.

Нов тим во низата кои го сакаат Аргентинецот е Евертон. Проблем за „карамелите“ може да претставува платата која 32-годишникот ја има на „Итихад“ од 275.000 евра неделно.

Медиумите на Островот пишуваат дека Евертон на стартот можат да понудат значаен бонус за потпис, но и награда која би се однесувала за бројот на голови на мечевите.

Клубот од „Гудисон парк“ не е единствениот кој сака да го види Агуеро во своите редови. За стрелецот на 258 гола во дресот на Сити наводно се интересираат Челси, Тотенхем, Јувентус и Барселона.

Share
Scroll to Top