И Михајловиќ е во игра за „разнишаната фотелја“ на Пирло!

И Михајловиќ е во игра за „разнишаната фотелја“ на Пирло!

пред 3 години

Постои голема веројатност на крајот на сезоната Андреа Пирло да добие отказ на местото тренер на Јувентус. Во дебитантската сезона поранешниот фудбалер од средниот ред го загуби шампионскиот наслов, а сега на Јуве опасно „му виси“ и местото кои идната сезона носи во ЛШ.

Моментно се споменуваат имињата на тројца тренери кои би можеле да бидат наследници на Пирло, а сите тројца во моментов водат клуб во Серија А.

Се работи за шефот на стручниот штаб на Болоња, Синиша Михајловиќ, за кормиларот на Лацио, Симоне Инзаги, како и за предводникот на Наполи, Џенаро Гатузо.

„Corriere dello Sport“ пишува дека е фаворит за преземање на „Старата дама“ и наводно веќе бил воспоставен првиот контакт.

Србинот тренерската кариера ја започна во 2006 година како помошник тренер во Интер, а досега бил на клупата на Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спорттинг Лисабон и селекцијата на Србија.

Пред 7 години Јуве и Михајловиќ преговараа за тоа тој да седне на клупата на тимот од Торино, но до договор не дојде.

Италијанците пишуваат дека Јуве овие денови добил две „корпи“. Наводно во клубот сега не сакаат да се вратат Масимилијано Алегри и Зинедин Зидан.

Share
Scroll to Top