Кавани: Не се согласувам со одлуката, но ја прифаќам казната

Кавани: Не се согласувам со одлуката, но ја прифаќам казната

пред 3 години

Единсон Кавани, ја прифатил суспензијата и паричната казна, која му ја изрече Премиер лигата, поради расиситичкиот коментар што го објави на „Инстаграм“, по победата на Манчестер јунајтед над Саутемптон од 3:2.

Кавани, по мечот му се обратил на свој пријател со зборовите: „поздрав негрито“.

За англичаните пораката е расистичка. Кавани не успеа да се спаси од казна иако се извини и кажа дека немал намера да навреди никого.

Премиер лигата му наложи да плати 100.000 фунти и му изрече суспензија од три натпревари.

„Не сакам премногу да говорам за овој непријатен момент. Сакам само да ви кажам дека ја прифатив одлуката на дисциплинските органи, но знаејќи дека јас сум странец и дека не ги разбирам обичаите во Англија, сакам да кажам дека не се согласувам со нивниот план. Зе извинувам доколку некого навредив со изјавата. Не мислев ништо лошо“, напишал Кавани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Edinson Cavani (@cavaniofficial21)

Share
Scroll to Top