Како фудбалерите на Реал ги „уништуваат“ колената со бизарните тренинзи

Како фудбалерите на Реал ги „уништуваат“ колената со бизарните тренинзи

пред 4 години

Новата повреда на Еден Азар и паузата од најмалку шест недели поради проблем со бутниот мускул уште еднаш го стави под лупа тренинг-режимот на Реал Мадрид , откако и во минатото со низа повреди се соочуваше Герет Бејл, Марко Асенсио и Лука Јовиќ.

Азар сега има пропуштено неверојатни 283 дена од пристигнувањето на „Бернабеу“ во 2019 и вкупно 48 натпревари, бидејќи ова му е деветта повреда под „кралевите“. Реал, кои патуваат кај Уеска во сабота ќе бидат и без Серхио Рамос, Федерико Валверде и Лукас Васкез, а имаат дури три порази во последните четири меча.

Видеото кое денеска се прошири на социјалните мрежи ги покажува Карим Бензема и Лука Модриќ како тренираат бизарна техника на оттурнување со нозете, која сигурно е „смрт“ за колената. Вакви тренинзи сигурно не помагаат, посебно на некој „нежен“ како Азар.

Share
Scroll to Top