Репрезентативецот на Австрија, Саша Калајџиќ се здоби со тешка повреда на коленото на десната нога и нема да игра до крајот на сезоната
Калајџиќ (26) одигра само три натпревари за Ајнтрахт. Во Франкфурт простигна на 7 јануари, на заем од Вулверхемптон.
Поради повредата ќе мора да го оперира коленото и ќе отсуствува неколку месеци.
Калајџиќ најверојатно ќе го прескокне Европското првенство во Германија, каде Австрија е сместена во групата Д со Холандија, Франција и победникот од плеј-оф фазата А (Велс, Финска, Полска или Естонија).
Калајџиќ се повреди на натпреварот со Фрајбург (3:3).