Калверт-Луин стрелец на дебито за Англија, лесна победа над Велс

Калверт-Луин стрелец на дебито за Англија, лесна победа над Велс

пред 3 години

Со „експериментален“ состав, Англија успеа да стигне до 3:0 победа над Велс во пријателски меч на „Вембли“, одбележан со дебито на напаѓачот на Евертон, Доминик Калверт-Луин со гол.

Калверт-Луин, кој веќе постигна девет гола за Евертон оваа сезона, го отвори резултатот во 26. минута со гол по фантастичната асистенција на Џек Грилиш. Киеран Трипиер, кој беше капитен на тимот на Герет Саутгејт на мечот, во 53. минута му асистираше на Конор Коуди за 2:0, за десет минути подоцна напаѓачот на Саутемптон, Дени Ингс да ги постави конечните 3:0.

Во Брисел пак, Белгија одигра само 1:1 со Брегот на Слоновата Коска. Мичи Батшуаи во 53. минута стрелаше за „ѓаволите“, а Френк Кеси со гол од пенал во 87. минута израмни. Шведска со 2:1 ја победи Русија во уште еден пријателски меч.

Share
Scroll to Top