Фудбалерот на Црвена звезда, Гелор Канга, се „главен актер“ во скандалот, кој би можел да ја елиминира неговата репрезентација од учеството на Африканскиот куп.
Фудбалскиот сојуз на Конго, поднел тужба против Габон. Во тужбата се тврди дека фудбалерот ја фалсификувал годината на раѓање, објави „Канал +“.
Во емисијата „Африкански таленти“, соопштено е дека Канга не е роден на 1.септември 1990 година, туку дека тој е роден во 1985 година.
Фудбалскиот сојуз на Конго тврди дека, родитителите на Канга се од Конго и дека неговото име е Киаку-Киаку Кианга. Во тужбата се наведува дека по доаѓањето во Габон тој го сменил идентитетот и државјанството.
Наводно тој ја сменил годината на раѓање, го сменил името во Гелор и го земл презимето на очувот кој го посвоил.
Конгоанците тврдат дека тој во септември ќе наполни 36 години.