Кантона за кунг-фу ударот: Жалам што не го удрив посилно!

Кантона за кунг-фу ударот: Жалам што не го удрив посилно!

пред 4 години

Легендата на Манчестер јунајтед, Ерик Кантона вели дека се кае што не го удрил посилно навивачот на Кристал палас во славниот инцидент во 1995 година, кога на „Селхарст парк“ влета со „кунг-фу“ удар на навивачот.

Кантона претходно доби црвен картон откако ги загуби нервите по фаулите на дефанзивецот на Палас, Ричард Шо, по што навивачот на Палас, Метју Симондс истрча 11 реда подолу на трибините за да го навредува Французинот.

Кантона, кој ги предводеше Јунајтед до титулите во Премиер лигата во 1993 и 1994 и беше блиску до трета титула, едноставно загуби нерви. Тој веднаш беше суспендиран од Јунајтед до крајот на сезоната, а потоа Фудбалската асоцијација (ФА) му ја продолжи суспензијата до септември. Тој дури беше осуден на две недели во затвор, пред оваа казна да му биде преименувана во јавна работа.

Јунајтед ја загубија титулата од Премиер лигата и финалето на ФА купот, а Кантона се врати во поинаков состав на „ѓаволите“ во 1995 со многу млади фудбалери. Сега, 26 години подоцна, Кантона вели дека бил „жртва“ на ФА, а исто така не жали што му беше одземена капитенската лента на француската репрезнетација.

„Бев навредуван илјадници пати и никогаш не реагирав, но понекогаш си кршлив. Жалам само што не го удрив уште посилно. Ми дадоа казна од девет месеци, сакаа да бидам пример. Сер Алекс Фергусон како и секогаш најде вистински зборови. Затоа го почитував и го сакав. Како татко. Ќе го дадев животот за него,за клубот и за фановите“, вели Кантона.

Share
Scroll to Top