Капело: Само да не заспиеме од шпанскиот фудбал!

Капело: Само да не заспиеме од шпанскиот фудбал!

пред 3 години

Легендарниот италијански тренер, Фабио Капело смета дека Англичаните играат „многу опасен и агресивен фудбал“, но дека тимот на Роберто Манчини прво во полуфиналето треба да не „заспие“ од спориот фудбал кој го практикуваат Шпанците.

Италија утре се судира со Шпанија на „Вембли“ во првото полуфинале на ЕУРО 2020, додека во среда, Англичаните ги пречекуваат незгодните Данци.

„Само да не заспиеме, бидејќи Шпанија игра спор фудбал. Ако се адаптираме на таа спора брзина, ризикуваме да страдаме. Имаат одлични тактички квалитети, знаат да играат со посед на топката. За да се спротиставиме на тоа мора да имаме брзина и чистина во играта кога ќе ја добиеме топката. Мора веднаш да се рестартираме и да напаѓаме. Нивната одбрана не е најцврстата на светот“, вели Капело.

Англичаните се многу поопасни, смета ветеранот.

„Тие се агресивни и убиствени при прекините. Против Украина дадоа два гола по прекин и трипати со глава. Никој не смее да ги потцени бидејќи се во добра форма. На страните имаат брзи играчи, а Герет Саутгејт сфати дека со линија дефанзивци кои се повлекуваат не добива резултати и затоа сега двајцата централни дефензивци напаѓаат директно“, вели Капело.

Share
Scroll to Top