Капитенот на Милан бара двојно повисока плата

Капитенот на Милан бара двојно повисока плата

пред 3 години

Стоперот на калчолигашот Милан, 26-годишниот Алесио Ромањоли наводно ја одбил последната понуда на „Росонерите“ за продолжување на договорот.

Италијанскиот дефанзивец чиј договор истекува летото 2022 година, преку неговиот менаџер Мино Раиола бара нов договор кој ќе му донесе по 6 милиони евра годишно, што е речиси двојно повеќе во однос на важечкиот договор со „црвено-црните“.

„La Gazzetta dello Sport“ наведува дека доколку не се договорат двете страни, Барселона и Јувентус се заинтересирани за услугите на дефанзивецот, а проценките се дека отштетата би изнесувала околу 20 милиони евра.

Share
Scroll to Top