Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао

Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао

пред 3 недели

Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.

Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.

Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.

Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.

Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.

Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.

Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.

Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…

Share
Scroll to Top