Карагер не верува дека Салах ќе стане „крал“

Карагер не верува дека Салах ќе стане „крал“

пред 4 години

Екс-фудбалерот на Ливерпул, дефанзивецот Џејми Карагер го кажа своето мислење по информацијата дека напаѓачот на „црвените“, Мохамед Салах (28) би можел да стане член на Реал Мадрид. Ова доаѓа по информацијата дека Египќанецот им рекол на пријателите дека има намера во иднина да настапува за мадридскиот клуб.

„Салах има уште две ипол години според договорот со Ливерпул. Не ми се чини дека би било проблематично Реал да го купи. Тие потрошија многу пари на Азар кога тој беше на иста возраст. И Ливерпул би добил многу пари. Но, мислам дека времето за вакви трансфери веќе го нема“ – вели Карагер.

Сезонава Салах досега одигра 21 натпревар и постигна 16 погодоци. Неговиот нов договор со тимот од „Енфилд“ е со важност до летото 2023 година.

Порталот „Трансфермаркт“ проценува дека вредноста на египетскиот фудбалер се проценува на 120 милиони евра.

Share
Scroll to Top