Карагер: Салах ме разочара, се однесува себично

Карагер: Салах ме разочара, се однесува себично

пред 10 часа

По победата од 3:2 на гостувањето кај Саутемптон во неделата, Мохамед Салах со новинарите сподели детали околу неговата иднина во Ливерпул.

Договорот на Египќанецот истекува на лето, а за можното продолжување на соработката изјави: „Речиси сме декември и се уште не сум добил понуда да останам во клубот. Веројатно повеќе сум надвор отколку внатре. Ситуацијата не е во моите раце, како што реков, декември е, исто така, не знам ништо за мојата иднина“.

Изјавата на Салах ја критикуваше легендата на Ливерпул и аналитичар на „Скај Спорт“, Џејми Карагер. Англичанецот истакна дека е разочаран од однесувањето на Салах.

„Секако дека имаше дискусии. Во моментов очигледно, Салах и негвиот менаџер со челниците на Ливерпул не можат да се согласат во однос на должината на договорот“, рече Карагер и дополни.

„Значи, Ливерпул сè уште не му понудил договор затоа што во клубот знаат дека Мо Салах ќе го одбие. Тие се уште се во преговори. Но, морам да кажам дека сум разочаран од Салах. Тоа интервју… Ливерпул игра со Реал Мадрид утре, а потоа и со Манчестер сити. Тоа треба да биде во фокусот на Ливерпул“, истакна тој и потоа упати уште една критика кон најдобриот играч на Ливерпул.

„А што се однесува до Салах, ние сме свесни, локалните новинари кои го следат клубот, дека тој застана во микс зоната двапати во седум години. Сега застана по трет пат на гостувањето кај Саутемптон Ливерпул победи со пресврт. Ако продолжи да коментира тој или неговиот менаџер продолжи да објавува мистериозни твитови, тоа е себично“.

Share
Scroll to Top