Караско и Ермосо закачиле корона

Караско и Ермосо закачиле корона

пред 4 години

Фудбалерите на Атлетико Мадрид, Марио Ермосо и Јаник-Фереира Караско се позитивни на коронавирусот. Клубот потврди дека фудбалерите се во изолација.

Извесно е дека Караско и Ермосо ќе го пропуштат утрешниот натпревар во Кадиз, како и натпреварот со Селта во Мадрид, наредниот викенд.

Ова се неочекувани проблеми за лидерот во Ла Лига, покрај на Караско и Ермос, тренерот Диего Симеоне не може да смета ниту на услугите на десниот бек Киран Трипе, кој е суспендиран до крајот на февруари.

Атлетико е лидер во Ла Лига има седум бода повеќе и натпревар помалку од Реал Мадрид.

Share
Scroll to Top