Карвахал ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“

Карвахал ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“

пред 3 години

Дани Карвахал го продолжи договорот со Реал Мадрид. Според договорот, десниот бек ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до јуни 2025 година.

Карвахал (29) од почетокот на кариерата е во Реал Мадрид, исклучок е сезоната 2012/2013 кога беше позајмен во Баер Леверкузен.

Досега одиграл 294 натпревар за Реал, постигнал шест гола и забележал 50 асистенции.

Со Реал четири пати бил европски шампион.

Share
Scroll to Top