Кари добива нов партнер кај Вориорси, Оладипо е замена за Клеј Томпсон

Кари добива нов партнер кај Вориорси, Оладипо е замена за Клеј Томпсон

пред 3 години

Голден Стејт најпрво го добија Стеф Кари, па потоа во тимот дојде Клеј Томпсон, а подоцна беше доведен и Кевин Дурант. Јасно е како стигнаа до три НБА титули.

Дурант сега е во Нетси, а Томпсон веќе две сезони го нема поради тешка повреда на коленото.

Кога стигна веста дека Томпсон ќе ја пропушти и оваа сезона, Управата на екипата тргнаа во потрага по негова замена. Сега, на 16 дена пред крајот на преодниот рок најверојатно ја пронајдоа.

Фаворит за партнер на Кари на бековската позиција во Голден Стејт е Виктор Оладипо од Хјустон Рокетс.

„Ракетите“ по заминувањето на Харден се обидоа на Оладипо да му дадат нов договор налето, но востановија дека нивниот план за обновување на тимот не се поклопува со неговите години (безмалку 29 години), па сега се обидуваат да го трејдуваат пред 25 март.

И Оладипо скоро се опорави од тешка повреда, но се чини дека е назад „на колосекот“, па сезонава бележи во просек 20 поени, 5,2 скока и 4,5 асистенции по меч.

Share
Scroll to Top