Карл Луис за штафетата на САД: Тоа се кловнови

Карл Луис за штафетата на САД: Тоа се кловнови

пред 3 години

Легендарниот Карл Луис, девекратен олимписки победник, остро ги критикуваше сонародниците кои не успеаја да се пласираат во финалето на 4×100 метри, на Олимписките игри во Токио.

Поради катастрофалните измени, Американците завршија на шестата позиција во својата полу-финална група.

„Се што направија беше погрешно. Беше јасно дека нема лидер…“, рекол Луис.

„Срамно е ова! Неприфатливо е тимот на САД да изгледа полошо од некои деца што сум имал можност да ги гледам“.

На крајот, девет кратниот олимписки првак, атлетичарите кои трчаа во штафетата го нарече кловнови.

„Тажно е кога гледате нешто вакво. Ова можеше лесно да се избегне. Америка гледаше и навиваше, а луѓето добија кловновска претстава. Не можам ова да го прифатам, па не е тешко да се трча штафета“.

Луис резилот на американската штафета го гледал во својот дом во Хјустон.

Share
Scroll to Top