„Касемиро се шеташе како да игра хуманитарен натпревар“

„Касемиро се шеташе како да игра хуманитарен натпревар“

пред 7 месеци

Манчестер јунајтед, во саботата, уште еднаш ги разочара своите фанови. Јунајтед одиграа лош натпревар во Борнмут, на крајот освоија бод (2:2), но го компромитираа местото кое може да им обезбеди пласман во Лига Европа или Конференциската лига.

Џејми Реднап, поранешен играч на Ливерпул, најмногу критики упати за играта на Касемиро. Манчестер јунајтед за Бразилецот плати 70 милиони евра, но како што сега стојат работите тој ќе биде еден од играчите кои ќе си заминат во летниот преоден рок.

„Тој е еден од моите омилени играчи од средниот ред во светот на фудбалот. Навистина сакам да го гледам. Но во моментов изгледа како да игра „Сокер Ејд” натпревар. Тој игра со таков ритам како да е хуманитарен натпревар, каде славните личности влегуваат на теренот. Ова е Премиер лига, имаш многу искуство. Тука мора многу да се трча“.

Тој конкретно се осврна на вториот гол на Борнмут, кога Касемиро не успеа да помогне во одбраната.

„Погледни го Касемиро овде. Тој реши да шета! Зошто шеташ? Работите се случуваат брзо и замислете ги само Родри или Деклан Рајс, дали тие ќе се шетаа кога Камбала требаше да излезе на Клајверт во ситуација еден на еден? Погледнете колку беше блиску кога Клајверт шутираше. Доколку трчаше можеше да го блокира. Коби Мајно има апсолутно се, но мора да има и некој кој ќе му биде пример, во овој момент Касемиро не им дава добар пример на соиграчите“, заклучи Реднап.

Share
Scroll to Top