Касемиро ќе игра против Интер

пред 3 години

Во морето лоши вести што ги добива деновиве Зинедин Зидан, конечно за него дојде и една добра информација. Еден од клучните играчи на Реал, Касемиро, ќе биде во тимот против Интер во Лигата на шампионите. Касемиро пропушти неколку натпревари на „кралскиот клуб“, а не играше ниту за Бразил, поради позитивниот корона-тест. Бразилецот на последното тестирање, Бразилецот бил негативен, што значи дека ќе биде со тимот утре вечер на „Џузепе Меаца“. Натпреварот со Интер ќе го пропуштат Феде Валверде, Серхио Рамос и Карим Бензема, поради повреди, односно Лука Јовиќ кој е во изолација, поради коронавирусот. Дуелот, Интер-Реал, на програмата е утре од 21 часот. Натпреварот е исклучително значаен за двата тима, кои лошо стартуваа во Лигата на шампионите. Во Б-групата води Борусија со 5 бода, по четири имаат Шахтјор и Реал, а Интер во првите три кола освоија само два бода.

Share
Scroll to Top