Катастрофална грешка на Велшаните – Долберг пак ги казнува

Катастрофална грешка на Велшаните – Долберг пак ги казнува

пред 3 години

Данска стигна до 2:0 водство против Велс, откако Каспер Долберг ја казни грешката на одбраната на Велшаните во 49. минута, за да ги донесе „викинзите“ на чекор до четврт-финалето.

Откако во првото полувреме Данците беа подобри, се очекуваше одговор на Велшаните, но наместо тоа дојде студениот туш, кога Неко Вилијамс му ја „намести“ топката на Долберг за лесен гол. Велшаните протестираа дека имаше фаул пред да почне акцијата, но судијата по проверката на ВАР го призна голот.

Share
Scroll to Top