Катастрофа за ЦСКА, крај на сезоната за Милутинов

Катастрофа за ЦСКА, крај на сезоната за Милутинов

пред 4 години

Кошаркарскиот клуб ЦСКА Москва остана без Никола Милутинов до крајот на сезоната. Ова е тежок удар за шампионските амбиции на тимот од Москва.

Најдоминантниот центар во Евролигата, се повреди синоќа во Минхен, каде ЦСКА загуби од Баерн. Милутинов се здобил со повреда на десното раме, во првото полувреме, но и покрај повредата тој го одигра целиот натпревар.

Деншените прегледи покажале дека српскиот репрезентативец ќе мора да операција, а според лекарите рехабилитацијата ќе трае најмалку до крајот на сезоната.

Никола Милутинов, од Евролигата го доби признанието за најдобар играч во декември. Во последниот месец од минатата година со просек од 12,3 поени и 12,5 скока тој го предводеше тимот до шест победи во исто толку натпревари.

Share
Scroll to Top