Каљари го фати последниот воз за опстанок, Парма на пат кон Серија Б

Каљари го фати последниот воз за опстанок, Парма на пат кон Серија Б

пред 3 години

Каљари, со неверојатен пресврт, успеа да ја совлада Парма со 4:3. Екипата од Сардинија, се фати за сламката за спас, додека Парма е на пат кон Серија Б.

Фудбалерите на Парма, во Каљари, испуштија предност од 0:2 и 2:3.

Парма во судиското надополнување на времето влезе со предност од 2:3, која најпрвин ја поништи Переира во 91. минута,а победата ја обезбеди Цери во 94.минута.

Претходно Пезела и Куцка ѝ донесоа предност од два гола на Парма, а во финишот на првиот дел резултатот го намали Паволети. Парма во 59.минута преку Ман ја врати предноста од два гола, а Марин во 66.минута намали на 2:3.

Потоа следуваше неверојатниот финиш, по кој Каљари стигна до 25 бод во сезоната. Каљари има два бода помалку, но и два натпревари повеќе од Торино, кој е првиот тим во безбедната зона.

Share
Scroll to Top