Каљари со три победи во низа излезе од зоната за испаѓање

Каљари со три победи во низа излезе од зоната за испаѓање

пред 4 години

Каљари во трилер-меч со 3:2 ја совлада Рома и успеа, конечно, да излезе од зоната за испаѓање на пет кола до крајот на Серија А.

Грчкиот репрезнетативец Харалампос Ликојанис го донесе клубот од Сардинија во водство уште во четвртата минута од мечот, но во 27. минута, Рома израмни преку Карлес Перез.

Разван Марин во 57. минута го врати водството на Каљари, а седум минути подоцна му асистираше на Жоао Педро за 3:1, пред Рома повторно да се обиде да направи камбек, откако Фабио Фацио во 67. минута намали на 3:2.

Каљари, по три победи едноподруго, излезе од зоната за испаѓање со пласман на 17 место, но ситуацијата на дното на табелата е многу неизвесно. Покрај Кротоне и Парма, кои веќе практично се второлигаши, неколку тима во последните кола ќе водат битка за опстанок. Каљари се 17-ти со 31 поен, толку има и 18-пласираниот Беневенто и 16-пласираниот Торино, а не се безбедни ниту Специја на 15. место (33) и Фиорентина на 14. место (34). Џенова на Горан Пандев е на 13. место со 36 поени.

За Рома, пак, ова е трет меч без победа и тие се на седмото место со 55 поени, три помалку од градскиот ривал Лацио на шестото место.

Share
Scroll to Top