Кедира по 10 години пак во Германија – се бореше за титула, сега за опстанок

Кедира по 10 години пак во Германија – се бореше за титула, сега за опстанок

пред 3 години

Германскиот фудбалски интернационалец Сами Кедира (33) се враќа во германскиот фудбал по пауза од 10 години, на печалба беше во Реал Мадрид и во Јувентус.

Кедира сезонава не одигра ниту еден меч под палката на Андреа Пирло, а последниот официјален настап за Јуве го имаше во јуни лани против Милан.

Сега, според информациите во германските медиуми, тој се сели во Херта Берлин. Клубот од главниот град е без победа 5 кола, и е се поблизу до тимовите кои следната сезона ќе се натпреваруваат во Цвајта.

Искуството и квалитетот на Кедира добро ќе дојдат во борбата за бегство од опасната зона.

Кедира последниот меч во Бундеслигата го одигра во 2010 година за Штутгарт од каде замина за Реал Мадрид.

Share
Scroll to Top