Келн и Лајпциг со 1:1 реми, дури четири поништени голови!

Келн и Лајпциг со 1:1 реми, дури четири поништени голови!

пред 3 години

Келн и Лајпциг одиграа 1:1 во интересен меч од 5. коло во Бундеслигата, во кој неверојатно дури четири гола беа поништени поради офсајд.

Во меч со огромен број шанси на двете страни, четири поништени гола поради офсајд, Келн на Штефен Баумгарт го продолжи импресивниот старт на сезоната, додека минатогодишниот вицешампион Лајпциг има само една победа во првите пет меча.

Антони Модесте ги донесе „јарците“ во водство во 57. минута, додека Амаду Хајдара спаси поен за Лајпциг на Џеси Марш во 72. минута, по три поништени голови за гостите.

Share
Scroll to Top