Кем Пејн потврди дека доаѓа во Партизан

Кем Пејн потврди дека доаѓа во Партизан

пред 2 часа

Американскиот кошаркар Камерон Пејн, објави црно-бело срце на својот Инстаграм профил, со што потврди дека кариерата ќе ја продолжи во кошаркарскиот клуб Партизан.

Во изминатите неколку дена се пишуваше дека црно-белите се блиску до трансферот на американскиот плејмејкер од Њујорк Никс и дека се чека назначувањето на новиот тренер, за клубот да може да објави дека и Пејн ќе пристигне во Белград.

Откако стана јасно дека Џоан Пењароја, ќе го преземе Партизан, кошаркарот висок 191 сантиметар потврди дека доаѓа во Белград.

Пејн е искусен играч кој одиграл 477 НБА натпревари со просек од 7,8 поени, два скока и 3,2 асистенции. Во својата кариера, тој играл за седум тима, а поминал дури десет сезони во лигата.

Според српските медиуми, тој ќе потпише договор со крајот на сезоната, а ќе инкасира 950.000 евра.

Share
Scroll to Top