Кениецот Дерик Чеге Нјороге е победник на 22.издание на Виз Ер Скопски маратон. Pатеката долга 42,195 километри ја истрча за 2:12:56 секунди.
Дерик Чеге Њороге, побнеди пред сонародникот Едвин Кимару Косгеи, кој доцнеше помалку од 30 секунди.
Макеоднскиот репрезњентативец Дарио Ивановски го освои третото место со време 2:13:49. Извонреден резултат постигна уште еден Македонец, Жан Тошев, кој заврши на осмото место.
Кај дамите победи Долфин Кемунто Нијагака од Кенија, пред сонародничките Кипкемои и Какури. Зад трите најдобри на четвртата позиција заврши Андријана Поп Арсова Рашиќ.
Кенијците доминираа и на полумаратонот (21 километар) во двете конкуренции. Во машка конкуренција триумфираше Кенеди Роно (1:05:27 час), пред Киптум Кимаијо (1:06:12) и Џон Куриа (1:07:00).
Најдобра кај дамите беше Валентајн Џебет (1:13:16 час), пред Чарен Чепквони (1:15:10) и Нанси Гитаига (1:17:25).
Foto/ facebook.com/skopskimaraton






