Кепа е неочекуваниот херој! Челси по пенал-драмата до Суперкупот

Кепа е неочекуваниот херој! Челси по пенал-драмата до Суперкупот

пред 3 години

Челси на својата европска титула ја додаде и титулата од Европскиот Суперкуп, откако во Белфаст, по 1:1 по 120 минути, во драматична пенал-серија стигна до 6:5 победа над Вилјареал, освојувачот на Лигата на Европа.

Вилјареал во финалето на ЛЕ успеа да го крене трофејот против Манчестер јунајтед по подоброто изведување на пенали, но овојпат тимот на Унаи Емери налета на Кепа Аризабалага, откако шпанскиот голман успеа да одбрани два пенали и да биде клучен за победата.

Во регуларниот дел, европскиот шампион Челси прв дојде во водство во 27. минута, кога по убавата акција на Каи Хаверц, мароканскиот ас Хаким Зијеш постигна убав гол. Меѓутоа пред полувремето, тој имаше незгодна повреда на рамото и мораше да биде повлечен од игра, и на неговото место влезе Кристијан Пулишиќ.

Челси имаа повеќе од поседот на топката и повеќе шанси, меѓутоа, Вилјареал се покажа како исклучително опасен тим, што го покажа Жерард Морено со израмнувачкиот гол во 73. минута.

Во двете продолженија немаше голови, а менаџерот на Челси, Томас Тухел реши да го повлече Едуар Менди од голот и на негово место да го постави Кепа Аризабалага.

Share
Scroll to Top