Кепа: Касиљас е мојот идол, сакам да останам во Реал

Кепа: Касиљас е мојот идол, сакам да останам во Реал

пред 1 година

Новиот голман на Реал Мадрид, Кепа Аризабалага изјави дека е пресреќен што ќе го носи дресот на славниот клуб. Шпанецот на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна на едногодишна позајмица, откако Тибо Куртоа ги скина предните вкрстени лигаменти во коленото.

Реал експресно најде замена за Куртоа, го донесе Кепа на позајмица, а во договорот со Челзи не постои клаузула за откуп по завршувањето на сезоната.

„Многу сум среќен што сум дел од Реал Мадрид, ова е голем ден за мене и за моите најблиски. Сакам да уживам со моите најблиски. Горд сум што дојдов во Реал, клуб со богата историја и наследство. Отсекогаш сум го следел шпанското првенство, израснав гледајќи го Икер Касиљас меѓу стативите. Тој е еден од моите идоли, му посветив посебно внимание на Икер“, изјави 28.годишниот и додаде:

„Јас сум среќен. Не можам да го сменам досегашниот тек на мојата кариера, но можам да влијаам на иднината, а таа е во Реал Мадрид. Се надевам дека ќе заслужам да останам и по истекот на позајмицата. Ова е легендарен клуб“.

Кепа пред престојот на „Стемфорд Бриџ“ играше во шпанското првенство, во Атлетик Билбао,. Во 2018 година се пресели во Лондон, откако претходно ја одби понудата токму од Реал. Отштетата што сините тогаш ја платија од 80 милиони евра и натаму е рекорд за голмански трансфер.

Кепа ја чуваше мрежата на Челзи во 163 наврати. Прими 175 гола, а 59 пати остана несовладан.

Share
Scroll to Top