Кербер ја елиминираше Гоф, станува прва фаворитка за трофејот од Вимблдон

Кербер ја елиминираше Гоф, станува прва фаворитка за трофејот од Вимблдон

пред 3 години

Германската ветеранка Анџелике Кербер стигна до импресивна 6:4/6:4 победа над младата Американка Коко Гоф за пласман во четврт-финалето кој ја прави една од првите фаворитки за нова титула од Вимблдон.

Кербер ја освои титулата од „Ол Ингланд клубот“ во 2018 година, додека следната година атракција на „Централниот терен“ стана токму Гоф, која како 15-годишна девојка стигна до осминафиналето.

Но, овојпат Гоф налета на противничка која беше подготвена да ја изддржи нејзината сила, за Кербер по четврти пат да влезе во четврт-финалето, каде што ќе се сретне со 19. носителка, Чехинката Каролина Мучова. Германката е единствената освојувачка на титулата преостаната кај дамите.

„Уживам на овие терени, фановите ми даваат енергија да го играм најдобриот тенис и сакам да продолжи магијата. Коко е многу талентирана тенисерка со голема иднина пред себе и верувам дека ќе игра за титулата тука еден ден“, вели Кербер.

Share
Scroll to Top