Бордо доживеа вистинска спортска трагедија и поради финансиски проблеми испадна во четвртиот ранг на францускиот фудбал. Денеска клубот доби звучно засилување кое треба да му помогне да избори пласман во повисок ранг.
Енди Керол се пресели од Амиен во редовите на поранешниот шампион. Керол минатата сезона во Амиен постигна четири гола на 31 натпревар, што не е завидна статистика за напаѓач.
Во минатото Керол се сметаше за еден од најдобрите англиски напаѓачи. Ова беше во период кога го носеше дресот на Њукасл. По три сезони меѓу „страчките“ за тогаш огромна сума од 41 милион евра се пресели во Ливерпул. Во тој зимски преоден рок во Ливерпул пристигна и Луис Суарез од Ајакс.
Во Ливерпул неговата кариера започна да се движи по надолна линија. Откако замина од Ливерпул играше за Вест Хем, Ридинг и Вест Бром.
Тој помина една година во Амиен, а без обештетување се сели во Бордо.