Кејн посакува трансфер во Манчестер сити

Кејн посакува трансфер во Манчестер сити

пред 3 години

Хари Кејн се подготвува да го напушти Тотенхем. Јасна е неговата желба, сака да игра во тим каде што ќе освојува трофеи. Најдобриот англиски напаѓач, има 28 години, 17 од нов минал во Тотенхем. Со клубот не успеал да освои ниту еден трофеј, два пати играл во финалето во Лига купот, еднаш во финалето во Лигата на шампионите.

Вчера излезе информацијата дека Кејн им соопштил на клупските челници дека сака да го напушти тимот и дека има намера да остане во Премиер лигата.

„Атлетик“, денес пишува дека Кејн точно знае каде ќе ја продолжи кариерата. Според овој извор, на последната репрезентативна акција, тој на колегите од Манчестер сити им кажал дек од наредната сезона ќе бидат соиграчи.

Не е тајна дека и Пеп Гвардиола сака да го види Кејн на „Етихад“. На Сити сега престои најтешкиот дел од задачата, преговорите со Даниел Леви. Газадата на Тотенхем е познат во фудбалскиот свет како тежок за преговарање.

Наводно, Леви ќе го пушти Кејн да замине, но не за сума помала од 150 милиони фунти.

Share
Scroll to Top