Кејн пред дуелот со Халанд: Тој е ѕвер, не нè споредувајте

Кејн пред дуелот со Халанд: Тој е ѕвер, не нè споредувајте

пред 4 часа

Еден од најочекуваните дуели во четвртфиналето на Светското првенство ќе биде судирот меѓу Англија и Норвешка, вниманието посебно ќе биде насочено кон двајца врвни напаѓачи – Хари Кејн и Ерлинг Холанд.

Пред вечервашниот натпревар, капитенот на „Гордиот Албион“ беше прашан кој е подобар од нив двајца, Кејн не сакаше да влегува во такви споредби.

„Невозможно ми е да одговорам на тоа прашање. Мислам дека сме сосема различни како играчи. Разбирам зошто луѓето нè споредуваат бидејќи двајцата сме напаѓачи, но искрено, играме на различен начин. Сакам почесто да ја имам топката во моите нозе и повеќе да учествувам во организацијата на играта, иако можам да играм како класична „деветка“. Мислам дека не е добро кога не споредуваат“, рече Кејн.

Капитенот на Англија потоа зборуваше во суперлативи за голгетерот на Манчестер Сити.

„Ерлинг е неверојатен. Неговата статистика за постигнување голови е импресивна. Тој е физичка машина, вистински ѕвер. Неговата завршница е на највисоко ниво, а бројот на голови што ги постигнува зборува сам за себе.“ Имам голема почит кон него како играч и професионалец.“

Сепак, Кејн се надева дека Норвежанецот ќе остане без учинок.

„Секако, се надевам дека против нас нема да има свој ден. Сè што направи во изминатите години зборува многу за неговите квалитети. Тој е фантастичен фудбалер.“

Англија и Норвешка ќе се сретнат вечерва во 23:00 часот во Мајами, а победникот ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу Аргентина и Швајцарија (недела 3:00 часот, Канзас Сити) во полуфиналето.

Холанд постигна седум гола на Светското првенство, еден помалку од Килијан Мбапе и Лионел Меси, додека Кејн има шест.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top