Кејн со својот 150. гол во Премиер лигата ги крена Тотенхем на првото место

Кејн со својот 150. гол во Премиер лигата ги крена Тотенхем на првото место

пред 3 години

Тотенхем ја искористи шансата да се искачи на првото место во Премиер лигата, откако Хери Кејн во 88. минута им донесе супер-тешка 1:0 победа кај Вест Бромвич Албион.

Тимот на Жозе Мурињо беше фаворит за победа по одличната форма во последните мечеви во Премиер лигата и во Лига Европа, но и со Герет Бејл како стартер, не успеаја да ја „скршат“ одбраната на „Бегис“ на Славен Билиќ до 88. минута кога Мет Доерти му прати совршена топка на Кејн, кој лесно го совлада голманот. Ова беше 150. гол во Премиер лигата за Кејн, со што влегува во топ 10 стрелци во историјата на лигата.

Со победата, Тотенхем се први во лигата со 17 поени, еден повеќе од Саутемптон и Ливерпул (кои подоцна играат со Манчестер сити), додека ВБА останува со само три поени на 17. место на табелата со три ремија и пет порази во осум кола.

Share
Scroll to Top