Кејн: Србите не принудија да кампуваме во шеснаесетникот

Кејн: Србите не принудија да кампуваме во шеснаесетникот

пред 7 месеци

Капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн изјави дека неговиот тим во репрезентацијата на Србија имал тежок ривал, но нагласи и дека Англија заслужено победила.

Англичаните победија со 1:0 во првиот натпревар од групата Ц на Европското првенство.

„Кога се ќе се собере заслужено победивме. Најважно е да се помине групата. Знаевме дека ни претстои тежок натпревар, бидејќи Србија може да се закани и има неколку одлични играчи. Знаевме дека ќе бидат борбени, мислам дека одговоривме навистина добро. Во дел од второто полувреме кога кампувавме во шеснаесетникот и беше тешко да излеземе од него, но на крајот важна победа за нас. Добро се државме и добро е што освоивме три бода кои ќе ни помогнат да одиме во следната фаза. Добро е што победивме денеска“, рече Кејн.

Share
Scroll to Top