Кејтлин Џенер против трансродовите девојчиња во женскиот спорт

Кејтлин Џенер против трансродовите девојчиња во женскиот спорт

пред 3 години

Кејтлин Џенер, која под името Брус Џенер освои олимписко злато во десетобој, вели дека трансродовите девојчиња (односно биолошки момчиња) не треба да добијат дозвола да се натпреваруваат со биолошките девојчиња поради очигледната физичка предност која ја имаат.

Џенер, која направи транзиција од маж во жена во 2015 година, е кандидат за гувернер на Калифорнија од Републиканската партија.

„Тоа едноставно не е фер. И во исто време мораме да ги заштитиме девојчињата и женскиот спорт во нашите училишта“, вели 71-годишната Џенер.

Повеќе американски држави размислуваат за забрана на настап на трансродовите девојчиња во женските спортови и покрај активизмот на ЛГБТ заедницата.

Џенер беше еден од најуспешните спортисти во десетобој во 1970-тите години, освојувајќи злато на Олимпијадата во Мотнреал во 1976, а последните години стана познат по учеството во реалното шоу на семејството Кардашијан. Пред да стане жена, Џенер беше оженет со Крис Џенер, со која има две ќерки – Кендал и Кајли.

Share
Scroll to Top