Кикс на Милан – Сампдорија освои бод на „Сан Сиро“

Кикс на Милан – Сампдорија освои бод на „Сан Сиро“

пред 3 години

Фудбалерите на Милан со многу труд извлекоа еден бод против Сампдорија, во првиот меч од 28.коло, во Серија А. Милан на „Сан Сиро“, голот за 1:1 го постигна во финишот на натпреварот.

Милан одиграа лош натпревар и на крајот можат да бидат задоволни со освоениот бод, иако во 93.минута ударот на Кеси заврши во дирекот. Самдорија беа подобри на теренот, особено во првите 30 минути, кога Донарума имаше три одлични интервенции.

Головите паднаа во второто полувреме. Катастрофалната грешка на тео Ернандез, во 57.минута, со спектакуларен гол ја заврши ветеранот Кваљарела. Напаѓачот на Сампдорија од 25.метри го лобуваше Донарума.

Две минути подоцна гостите останаа со играч помалку на теренот, кога Адриен Силва го доби вториот жолт картон.

Конечниот резултат го постави Хауге во 87.минута.

Share
Scroll to Top