Кимих во аут барем до јануари

Кимих во аут барем до јануари

пред 3 години

Ѕвездата на Баерн Минхен, Џошуа Кимих ќе биде во аут до крајот на годината, откако денеска беше на операција на коленото по повредата која ја доби при „Дер класикер“ 3:2 победата над Борусија Дортмунд во саботата.

25-годишниот Кимих, кој играше во фантастична форма за германските и европски шампиони беше заменет во 36. минута од мечот, и мораше да добие помош да излезе од теренот. Баерн преку спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ потврдија дека тој ќе биде во аут до 2021 година и му ветија поддршка

„Среќни сме што најверојатно Џошуа ќе се врати во тимот за само неколку недели. Повредите никогаш не се убави, но ние ќе му ја дадеме најдобрата можна поддршка“, вели Салихамиџиќ.

Баерн сега паузира до 21 ноември, кога ги пречекуваат Вердер, по што имаат низа тешки дуели – Лајпциг во Бундеслигата и Ред бул Салцбург и Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

Share
Scroll to Top